„Жената почнува да старее кога ќе почне да ги прави овие 2 работи“: Мудро објаснето од писател

Добивај вести на Viber

Ерик Марија Ремарк (1898 – 1970), познат германски писател, oстана запаметен по неговите познати дела како „Ништо ново на запад“ и „Три воени другари“.

Тој беше познат по неговиот интересен поглед на љубовта, светот и процесот на стареење. Многумина сè уште цитираат некои негови размислувања, а една од нив е следното.

Тој тврди дека жената всушност почнува да покажува знаци на стареење кога ќе почне да ги крие своите маани. Многу жени се обидуваат да ја сокријат својата вистинска возраст преку козметички третмани и корекции, но тоа навистина не е неопходно. Неопходно е да ја задржиме младоста во срцето и да се негуваме себеси на начин што ќе ја одразува нашата внатрешна сила.

Нашата возраст се рефлектира во нашето одење, зборување, глас и однесување, поради што е важно да водиме здрав начин на живот, да го држиме грбот исправен, да се гордееме со себе, да избегнуваме стрес и да не пушиме за да го зачуваме гласот. Обидите да се скрие возраста се бескорисни и може да изгледаат смешно.

Староста не треба да биде причина да престанеме да се грижиме за себе. Занемарувањето на грижата за телото е уште еден знак на стареење. За нашето тело и кожа треба да се грижиме преку употреба на благи креми, неутрална шминка и квалитетна козметика. Не треба да бидеме вулгарни, туку треба да се гордееме со нашата возраст и да ја прифатиме како дел од нашето искуство и мудрост. На крајот на денот, годините се само бројка и не треба да се грижиме премногу за тоа, туку да се фокусираме на она што е навистина важно во животот.


Foto: unsplash.com/luismachadodirector