Жените по 35 години се стари моми, а мажите секси ергени: Водителката Ана Михајловски си ја отвори душата

Добивај вести на Viber

Иако „Сексот и градот" е една банална серија која придонесе за движењето на слободните, силни, независни жени, во нашата драга Србија, терминот „неомажена жена" нема намера да падне во заборав.

Така, една немажена жена, која преминала 35 години популарно е наречена „стара мома“ или поедноставно: „ Оффф за греота". Машките се посакувани ергени, дури и ако со помош на бастун одат до својот „изгланцан“ автомобил!

Што е тоа што нас жените нè прави за старците од 50 години да коментираме: „Баш е маркантен, слободен! Толку добро му стои оваа сива брада!", и сето ова додека се фарбаме поради едно бело влакно во косата, по можност завиткани во фолија против целулит! На тој средновечен слободен „мачор“, му се восхитуваат и оженетите, бидејќи тој веројатно не треба и носи јагоди во средината на декември на својата бремена жена.

Зошто не се запрашуваме: „Што не е во ред со нив? Колку себични, егоистични, саможивници тие треба да бидат?" 

„Жените стануваат се посилни од мажите, и физички и психички. Светот доживеа многу трагедии, но според мое мислење најголемата трагедија од сите е моменталната економска ситуација во која жените против мажите, во многу случаи успеваат да го узурпираат нивното местото во професиите и индустријата. Оваа растечка тенденција жените да ја прикријат женственоста е знак на цивилизација во пропаѓање ". Не, тоа не го кажав јас, но Тесла во 1924 година. И Тесла е секогаш во право. Жените ја засенија машкоста, но не сум сигурна дека цивилизацијата пропадна, барем не поради тоа.

Денес ситуацијата не е многу поинаква отколку во 1924 година, единствено што тоа не е политички коректно да се каже така.

Како што Тесла се откажа од жените, меѓу другото, за да се посвети исклучиво на научната работа, така и некои дами се одлучија за истиот чекор.. Кондолиза Рајс, Грета Гарбо, Опра Винфри, Џејн Остин, Харпер Ли, Тајра Бенкс .. Па, се чини дека не сакале маж да влијае врз нивната креативност, образование, деловен живот, или едноставно тој некој не можел да се избори со она што се тие.

Многу големи научници, уметници од машки род се залагаа за теоријата дека жените и бракот ја убиваат креативноста .. Па драги господа ни нам не ни цветаат ружи со вас, па затоа подгответе се за уште многу стари моми, и немој да се изненадите кога ќе ги узурпираат вашите работни места.


* Ова е Инстаграм објава на познатата водителка од Србија, Ана Михајловски, која е мајка на три деца, а зад себе има два развода.