Жените родени во овој хороскопски знак се создаени да бидат хероини: Посветени, снаодливи и практични
Посветена, снаодлива, дискретно духовита, вредна, практична, внимателна, скромна, срамежлива, прецизна - сето тоа е жена родена во хороскопскиот знак Девица.
Нејзината животна мисија е да биде херој и да ги освои другите луѓе со своето знаење и интелект.
Тоа е Девица.
Со Девицата владее планетата Земја, поради што е практична и своите мисли ги базира на реалноста, а не на имагинацијата. Цврсто стои со двете нозе на земја, чекорејќи грациозно и нежно во својата промислена реалност.
Ориентирана кон детали, ова е „жена со динамит“ која буквално мисли на сè и на која секогаш можете да се потпрете. На сè пристапува систематски и сака планирани рутини.
Таа претпочита слободното време да го поминува на долги прошетки во природа или работа во градината.
Нејзина голема доблест е што е секогаш и секаде на време. Таа може да изгледа студена и отсутна, но всушност е срамежлива и неодлучна.
Љубов
Целосно посветена кога е во врска, Девицата е доверлива и лојална и внимава на
секој детал пред да влезе во врска. Таа повеќе би сакала да биде сама отколку
со погрешна личност - таа не само што го бара вистинскиот, туку го бара
совршениот.
Тоа не значи дека бара некој кој е совршен (бидејќи таков не постои) туку некој со кој совршено ќе се разбере. Деталите и се важни и во љубовта, па од партнерот очекува „зачини“ како цвеќиња, миризливи свеќи и романса.
Скромна и конзервативна во многу области од животот, Девицата сака нејзиниот партнер да презема иницијатива. Строга кон себе, важна и е потврдата на партнерот. Најдобро се согласува со Шкорпија, Близнаци, Рак, Бик и Јарец.
Сигурна и секогаш корисна, пријателката Девица ќе биде тука за секој важен настан во животот на нејзините пријатели. Исто така, таа никогаш нема да ги заборави родендените на луѓето кои и се важни.
Нејзината критичка природа и практична личност ја прават пријателка која знае да дава одлични совети, но само кога ќе се побара од неа, бидејќи таа самоиницијативно не се „меша“ во туѓите работи.
Кога сакаат да и се заблагодарат за помошта, нејзините пријатели треба да го направат тоа на дискретен начин. Девиците се скептични за големи гестови и гласно изразување на емоции. Повеќе ги ценат едноставните и тивки изрази на благодарност.
Изглед
Младешко овално лице, остар и блескав анализирачки поглед, долг нос, голема,
широка насмевка, нежна брада, витка линија, квадратни рамења, мали стапала се
физичките карактеристики на Девицата. Косата е обично кафена, а очите и се сиви
или костенливи.
Врвот на главата обично е значително поголем, што е поврзано со високо интелектуален ум. Нејзината надворешност е генерално импресивна и Девиците се носат многу добро. Најголемата физичка предност на Девицата е нејзиниот долг, рамен стомак.
Стил
Префинетоста и безвременската облека се закони до кои Девицата цврсто се
придржува. Сака облека во која може директно од работа да оди на ручек, вечера
или вечерно излегување.
Она без што не излегува од дома е дезодорансот, бидејќи овој елегантен знак секогаш сака да мириса свежо. Колку всушност се грижи за својот изглед, дискретната и мистериозна Девица не сака да открие на сите и не сака сите да знаат.
Земјените бои како сива и тегет, се нејзините омилени. Нејзината гардероба е полна со практични и софистицирани парчиња, а стилски ќе ги облече и најлежерните комбинации.
Не сака ништо екстремно, туку едноставно, практично, суптилно и прилагодливо. Накитот мора да го надополни комплетниот стајлинг, да го однесе на повисоко ниво.
Перфекционистичката природа на Девицата особено се одразува во купувањето.
Внимателно проверува дали се е во ред со производот што ѝ
се допаѓа, а на нејзиното префинето око ништо не може да пропушти. Кога е во
шопинг, лесно можете да ја најдете во делот каде се продава здрава храна,
бидејќи Девица внимава на исхраната и витката линија. Не е ни чудо што
многумина ја сметаат Девицата за чувар на квалитетот.
Фото: Freepik.com
Извор: Zadovoljna.nova.rs