На прагот на 40-та година актерка Шарлиз Терон вели дека не е јасно како целиот концепт за женската убавина се врти околу 20-годишни девојки.
„Иронично е дека концептот на убавина го создаваме околу 20-годишни девојки, кои се уште немаат мудрост и не знаат што е живот. Кога жената ќе има самодоверба и свесна за своите вредности, не поради мажите, туку поради себе, тогаш тоа е прекрасна работа. затоа верувам дека е вистина кога се вели дека 40-те години се најубавите за жената“ - вели таа.
Според неа, жените со созревањето добиваат посебна убавина.