Жените во Јапонија слават фестивал на пенисот: Оддаваат почит на неговата улога во пружањето задоволство и плодност

„Стотици илјади луѓе доаѓаат за да прослават една работа: машкиот полов орган“

Секоја година, во првата недела од април во Кавасаки, Јапонија, улиците се исполнети со необична глетка - низа огромни пениси во ерекција кои парадираат по улицата, под силата на мажите во традиционална женска облека.

Овој период е одвоен за Канамара Мацури, или фестивалот на пенисот, на кој стотици илјади луѓе доаѓаат тука за да прослават една работа: машкиот полов орган. Ова место во Кавасаки, југозападно од Токио, е тесно поврзано за машката анатомија со векови, поради локална легенда.

Легендата вели дека љубоморен, црвенокос, со остри заби демон се скрил во вагината на една божица, а потоа ги изгризал пенисите на нејзините први двајца сопрузи. Историјата заборава да спомене зошто таа не успеала да го предупреди вториот сопруг.

Конечно, третиот, порешителен додворувач, ковач, создал железен фалус што ги скршил забите на демонот и мажот ја освоил убавата жена.

Храмот Шинто во Кавасаки сега е попознат како дом на фестивалот - на невообичаена, но шармантна прослава на светото и вулгарното.

Шинтовски свештеници во храмот го слават илјада години стариот бог, кој долго време го обожуваа проститутки стравувајќи од болести, и аџиите кои се грижеа за нивната плодност.

Регионалната традиција датира од 17 век, што денес служи како платформа за кревање на свеста за ХИВ и безбеден секс.
Покрај тоа преку фестивалот се оддава почит на пенисот и неговата улога во пружањето задоволство и плодност.

Во 2019 година фотографот Б.А. Ван Сисе присуствуваше на фестивалот и го споделува своето искуство и дел од историјата преку фотографии.

ГАЛЕРИЈА:
фотографии и извор: B.A. Van Sise / buzzfeednews.com