Женска карма: Не удирајте во затворена врата

Кога ништо не се случува веќе долго време во Вашиот живот, и покрај сите напори и многубројни обиди, значи дека тоа и не треба да се случи. Можеби, тоа е позната вистина - не удирајте во затворена врата. Сепак, секој треба тоа да го почувствува сам. 

Направивте неколку чекори кон целта - не ви оди, треба да се повлечете. Опуштете ја ситуацијата. Пренасочете го вниманието на нешто друго. Можеби тогаш ќе се промени алгоритмот на дејствието, ќе се промени пристапот или начинот на достигнување на целта. Во секој случај, не сега. Или не со тој човек. Или не со тоа работно место. Не во тие околности. Така ќе биде подобро за вас. Дури и ако во тој момент ви е болно, а настанот ви изгледа неправеден. 

Верувајте, многу години подоцна, ќе бидете благодарни на Вашиот животот, затоа што ве сочувал од поголемо страдање. Кога не го поминав интервјуто за работа, бев огорчена. Потоа ќе слушнев, на пример, дека кадровскиот директор во компанијата го менуваат на секои шест месеци. Се откри дека живее во врска со неразбирлив статус. Кога не можев да го решам станбеното прашање, бев бесна. После неколку години, стекнав двособен стан наместо еднособен. Сигурна сум дека ако мажот не ви предлага брак, и покрај тоа што неколку години го поттикнувате, во долгорочна перспектива, среќа нема да има. 

Ќе дојде време, кога сите врати се отвораат, но, ако знаете каде треба да одите. Но, и ако не се отвораат - бидете здрави и среќни што не одите таму.