Женски магазин препорачува: Три филмски предлози за овој викенд
Во последните неколку години повторно е заживеана традицијата на посета на кино салите, а ние ви нудиме топ 3 филмски предлози кои се актуелни на репертоарот на „Синеплекс“.
„Дедпул 2“
По успешниот прв дел, режисерот Дејвид Лич направи продолжение на „Дедпул“, во кој главните улоги ги толкуваат Рајан Рејнолдс, Џош Бролин, Зази Битс и Т. Џ. Милер. Доколку сте љубител на акција и комедија, како и на темниот хумор и крвавите сцени, тогаш овој филм е вистинскиот избор за вас. Рајан Рејлолдс ги изненади филмските критичари со улогата во првиот дел, а доби и коментари дека ова е најдобриот негов перформанс до сега. Приказната е поврзана со повреден работник, кој по преживувањето на смртоносен напад се обидува да стане најдобриот шанкер во Мејбери иако истовремено го губи сетилото за вкус. Во обидот да најде нова смисла на животот, тој патува низ светот и се соочува со разни предизвици, за на крајот да ја најде чашата за кафе со напис: „Најдобриот Љубовник на Светот“.
„Трансилванија 3“
Љубителите на анимираните филмови викендов може да уживат во третото продолжение на „Трансилванија“, кој е во режија на Генди Тартаковски, а гласовите во филмот ги позајмуваат Адам Сандлер, Селена Гомез и Енди Самберг. По двете авантури на вампирот Дракула, неговата ќерка Мејвис како и бројните чудовишта кои престојуваат во хотелот, приказната продолжува на нова локација. Овој пат, фокусот е насочен кон одморот кој тие ќе го поминат на луксузен монструозен брод, а чиј капетан со име Ерика крие опасна тајна, која е закана за сите чудовишта.
„Облакодер“
За крај ви предложуваме трилер, во кој главната уога ја има актерот Двејн Џонсон. Филмот „Облакодер“ во режија на Росон Маршал Тарбер, веќе ја имаше својата премиера во кино салите во земјата, а во главните улоги покрај познатиот холивудски актер, глумат Нејв Кембел, Пабло Шрајбер и Бајрон Ман. Џонсон како поранешен водач на тим на ФБИ за спасување заложници, сега е на задача во Кина каде проценува сигурност на облакодери. Откако неговото име е извалкано за пожар кој тој не го предизвикал, Џонсон ќе се обиде да ја докаже вистината и да го спаси семејството, кое е заробео во зградата.