Женски совет: Како да не изгледате вулгарно без градник?
Голем број припаднички на понежниот пол избегнуваат да носат градник бидејќи едноставно се чувствуваат послободно и комотно без него, особено за време на летниот период.
Доколку сакате да излезете без градник, а притоа да не изгледате вулгарно, треба да се придржувате до неколку совети:
1. Избегнувајте транспарентни материјали особено во текот на денот, бидејќи тие ќе откријат и повеќе од потребното.
2. Фустаните на преклоп се идеални доколку не носите градник, а доколку деколтето е пренагласено, можете под него да облечете маичка.
3. Доколку не носите градник, треба да избегнувате да го нагласувате деколтето, бидејќи тоа е рецепт за катастрофален изглед.
4. Во однос на боите и материјалите, избегнувајте ја белата боја и бирајте материјали кои се со подебела ткаенина и кои совршено ќе го покријат овој дел од телото.