Згодна и секси: Прилепчанката Оливера во моќна комбинација достојна за Холивуд
Прилепчанката Оливера , згодната пејачка која години наназад живее и твори во Америка е наша денешна модна инспирација.
Фустанот кој е скроен за неа ја следи линијата на телото и е во нежно розева боја.
Одлично ѝ стои, притоа нежно го истакнува нејзиното длабоко деколте .
Таа повеќе од 10 години живее и работи во САД, каде замина за музичко доусовршување, а има и американско државјанство.
На музичко поле сега се пронаоѓа како поп опера пејачка, а нејзините изведби воодушевуваат. Оливера е професорка во Музичката академија во Лас Вегас.
Низ своето успешно остварување на сонот во САД, Оливера има запознаено многу светски ѕвезди меѓу кои и нејзиниот идол Селин Дион, но и диџејот Стив Аоки, а последна соработка за која е многу горда, објави и на социјалните мрежи.
ФОТО: Инстаграм стори, принтскрин