ЗИМСКО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Какви здравствени проблеми носи оваа пракса која чека да замине во историјата?
Викендов кој ни претстои не очекува менување на стрелките на часовникот.
Тоа значи дека во три часот по полноќ, часовниците ќе се вратат еден час наназад, ивремето во три ќе се смета како два часот.
А какви здравствени проблеми носи оваа пракса која ќе замине во историјата?
Експертите ја доведуваа многупати досега во прашање оваа пракса укажувајќи на здравствени ризици и економска штета.
Веќе некое време критичарите на поместувањето на часовникот два пати годишно се обидуваат да докажат дека таа промена веќе не е корисна. Сега, за да го докажат својот став и се свртеле на науката.
На една коференција, неодамна во Брисел професор по неврохирургија од Оксфорд, Расел Фостер и професор по психологија од Минхенскиот универзитет ги претставиле своите анализи за тоа како поместувањето на часовникот влијае на луѓето, посебно на спиењето.
Нивниот заклучок е дека враќањето на часовникот не донесува заштеда на енергија, претставува значаен здравствен ризик и многу ја чини економијата.
Научниците настојуваат да докажат дека промената на времето има „драматични ефекти“ на физичката и ментална функција бидејќи прави збрка во биолошкиот часовник.