Животот ми изгледаше како да сум во Дизниленд: Синот на Брена проговори за детството

Стефан (26), синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, во интервју за „Слободна Далмација“ првпат отворено проговори за животот на висока нога, за уживањето во богатството на славните родители.  

- Детството ми изгледаше како да сум во Дизниленд. Мене и на моите браќа никогаш ништо не ни фалеше, секогаш одевме на егзотични патувања, родителите ништо не ни забрануваа, но сите тие привилегии и тоа како моравме да ги оправдуваме со своето однесување - раскажа Стефан.

Тој одлучи да го следи професионалниот пат на мајка си. Годинава ја објави песната „Зло моје невино“ која има милионски прегледи на „јутјуб“, а подготвува и нов материјал.

- Кога бев дете, мајка ми често ме носеше на нејзините концерти. Бев фасциниран од умешноста со која така лесно ја освојува публиката. Сепак, не барам често совети од нејзе. Сакам да сум свој - откри Живојиновиќ.