Животот на една од најбогатите мајки на светот: Сопругата на Бил Гејтс има свои правила
Мелинда Гејтс е дипломирана информатичарка и економистка. Сопругата на Бил Гејтс со години работеше како менаџерка во Мајкрософт, но успешната кариера ја напушти поради семејството. Паралелно се посвети на филантропијата и на хуманитарната работа и, како што изјави во едно интервју, никогаш не зажалила за оваа нејзина одлука.
Редовно е на листата со најмоќни жени во светот според Форбс, а во книгата The Moment Of Lift: How Empowering Women Changes The World откри како успеала да се избори за еднаквост, но и како нејзините животни потези влијаеле на заедницата во која живее.
Мелинда и Бил биле речиси седум години во врска пред да се земат во 1994 година. По две години на заедничко патување во Кина открила дека е бремена. Во тој период Бил комплетно бил посветен на работата во Мајкрософт, исто како и таа, па наводно не знаела како ќе му соопшти дека ќе станат родители. Кога се вратиле дома, го седнала и му објаснила.
- Нема повеќе да работам откако ќе го родам бебето. Нема да се вратам на тоа темпо на живот. Доволно сме среќни и не ни е потребна мојата плата. Сакам да го подигнам семејството. Ти сигурно нема да ги намалиш работните саати, а не гледам решение како би го вклопила времето кое ми е потребно за кавалитетна работа со времето за грижа во смејството - раскажа подоцна Мелинда.
Тоа значело крај на заедничката работа во Мајкрософт. Мелинда открива дека во тоа време се’ уште била онаа вообичаена перцепција според која мажот работи, а жената останува дома и се грижи за децата. Но, нагласува дека тоа секако треба да биде избор, а не обврска.
- Семејството се планира. Не е случајност што останав бремена после цели десет години работен стаж во Мајкрософт. Бил и јас бевме подготвени да имаме деца. Не е случајност што Рори се роди три години после Џен, а нашата друга ќерка Фиби три години по Рори. Ние така сакавме. Имав и среќа што можев да забременам тогаш кога посакував, но и што не морав да раѓам кога не сакав - истакна Мелинда.
Една од најбогатите мајки на светот е католик. Нејзината фондација со години им помага на сиромашните мајки во Африка. Токму од неа се финансирани бројни кампањи за контрацепција.
- Контрацепцијата спасува животи на милиони жени и деца. Тоа е медицински факт. Жените во Африка не само што мораат да работат за да ги одгледат своите деца, туку најчесто тоа е неплатена работа, време потрошено на домашни обврски. Тоа значи дека жените работат седум години повеќе неплатена работа во животот од мажите - објаснува Мелинда која е свесна дека не сите жени на светот имаат среќа како неа за да постигнат рамнотежа во домот.