ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Луѓето купуваат златен накит за матура, но многу помалку од порано

Добивај вести на Viber

Луѓето не се откажале од купувањето златен накит за матура, но како што велат од златарниците, од година во година купуваат помалку и се фаќаат за она што е најевтино. Кај нас луѓето за подарок земаат златни привезоци, синџирчиња, нараквици. Од златарниците велат дека луѓето трошат од 1.000 до 5.000 денари за накит. Цената на златото во светски рамки расте. 

„Нормално дека луѓето купуваат, ама послабо од порано. Продажбата на златото е намалена. Претежно земаат синџирчиња, нараквици, некој прстен за подарок за наставнички. Трошат обично по 4.000 до 5.000 денари за подарок. Секој млад денес сака нов телефон. Ако  порано 500 евра планирале да потрошат за златен накит, сега со тие пари купуваат телефон. Не е како порано, а воедно и цената на златото се покачи и не можат да си купат тоа што планирале. Тој што планирал поскапо синџирче, сега му излегува скапо така што или се откажува или купува поевтино. Претежно купувачите реагираат дека е скапо. На светските берзи златото е покачено“, велат од златарница од Скопје.

Велат дека секоја година е различно, но бизнисот секако потешко оди од година во година. Пред 10-15 години објаснуваат дека златото беше поевтино, луѓето повеќе купуваа и беше подобро.


Продолжува на фактор.мк