Злоставувана на 15 години, мајка ѝ не сакал да поверува: Елен Деџенерис откри мрачна тајна
Познатата водителка и комичарка Елен Деџенерис, неодамна во интервјуто со Дејвид Летерман откри дека била сексуално злоставувана од татко ѝ, кога имала само 15 години.
Таа раскажа како тој ја допирал по градите, тврдејќи дека проверува дали ѝ се испакнати, а кога сето ова Елен ѝ го раскажала на својата мајка, која патем била болна од рак, таа не ѝ верувала, па со очувот останала во врска полни 18 години.
„Кога одеше на пат, ми кажа дека пронашол испакнатина на нејзините гради и дека мора да ме допре мене, за да проверил. Тогаш не знаев ништо за човечкото тело, дури ни тоа дека сите гради не се исти, па успеа да ме увери“, раскажа Елен.
Сето ова се случувало повеќе пати, бидејќи тој настојувал да го повтори „допирањето“.
- Еднаш се обиде да провали во мојата соба, па го скршив прозорецот и побегнав. Не сакав тоа да го споделам со мајка ми, бидејќи сакав да ја заштитам, а знаев дека вакво нешто само ќе ја вознемири. Лута сум на себеси, бидејќи бев преслаба за да се спротивставам на сето тоа. Имав само 15 или 16 години. Тоа е навистина ужасна приказна, но ја раскажувам со цел ниту едно друго девојче на светот да не го доживее истото. Не требаше да ја штитам мајка ми, требаше да се заштитам самата себе. Кога прв пат ѝ кажав не ми поверува. Се увери дури кога тој многу пати ја промени својата верзија на приказната. Тогаш го остави. Денес се’ уште ѝ е жал за се’ - искрено раскажа Елен.