ЗМИЈА ВЛЕЗЕ ВО МЕНЗА ВО СТУДЕНТСКИ ДОМ ВО СКОПЈЕ: Ја притиснале со врата
Змија вчера попладнето влегла во мензата во студентскиот дом „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда во Скопје.
На фотографиите кои ги објави редакцијата на агенцијата Мета.мк, а ги испратиле студенти сместени во домот, се гледа змијата како е притисната на влезната врата од објектот.
Директорот на Државниот студентски дом Скопје (ДСД Скопје), Виктор Велевски за Мета.мк потврди дека змијата влегла во студентската менза и дека се запознаени со настанот.
Велевски вели дека вработените во институцијата уште вчера ја коселе тревата, а поради зголемениот обем на работа, помош побарале и од Јавното комунално претпријатие „Гази Баба“.
Тој додава дека е потребно да се одржува теренот и околу студентскиот дом „Стив Наумов“, затоа што е загрозена безбедноста на сите граѓани на општината, а не само на студентите кои се сместени во домот.
Извор: faktor.mk