Знае да одбере накит, со боите е скарана: Стилот на Фросина Ременски
Пратеничката на СДСМ Фросина Ременски која денеска три часа беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“ е жена со необичен стил на облекување. Од една дама во политиката, покрај тоа што треба да донесува важни одлуки, се очекува да биде и убаво и пристојно дотерана. Ние имаме неколку такви кои својот стил го издигнаат на едно скалило повисоко и тоа е за секоја пофалба. Бидејќи тие не се само политички фигури, туку одразуваат цела една филозофија со стилот.
Пратеничката Ременски има автентичен пристап кон модата, но сосема спротивен на нејзината конституција на телото. Во одредени моменти знае да изненади со фантастични парчиња кои ѝ стојат убаво, а веќе во друг го расипува таквиот впечаток. Не дека не може подобро, но секогаш оди на линија на помал отпор - сигурна варијанта која не секогаш е најдобро решение.
Оваа дама од време на време знаеше да фасцинира со сако во кралско сина боја, надополнето со брош, а сето тоа пропратено со црна боја. Но, кога се работи за црвената, која многу често ја преферира, тука настанува конфузија. Таа боја не одговара на незиниот тен. Можеби би изгледала одлично во темно- зелена боја или во темно- виолетова. Бидејќи е со темен тен, светлите бои можат да не ѝ бидат од помош.
Обично носи кратки палта што е во ред, но сепак должината треба да биде под колковите токму поради нејзината висина. Сигурен избор ѝ се панталоните и тука нема промашување. Тесни кошули не би требало да ѝ го привлекуваат вниманието исто како и премногу долги марами или шалови.
Многу добро знае да избере накит. Тоа се масивни гердани кои имаат нешто впечатливо и уникатно. Шарени дезени на фустаните никако. Тие визуелно ја шират фигурата. Убав костим со машки крој би завршил работа во незиниот изглед. Има нешто маркантно во незиниот лик, па со костим би изгледала моќно.
Нема да пречи некогаш и да ја пушти косата. Има убава коса која постојано ѝ е собрана. Ако се одлучила на тој потег, тогаш обетките мораат да ѝ бидат истакнати.
Н.Т.
Фото: Фејсбук-профил на Фросина Ременски