Актуелно // Insta вести
Знаеш дека си остарел кога сам си ја правиш тортата: Марија Прличкова, внуката на Игор Џамбазов славеше роденден
- 10 Февруари, 2023
Внуката на шоуменот Игро Џамбазов, но и правнуката на познатиот македонски актер, Петре Прличко, кој бил прв братучед на нејзиниот прадедо наполни 29 години.
Марија Прличкова, вчера славеше роденден, а како што самата се пофали, тортата е нејзино дело.
„Знаеш дека си остарел кога сам си ја правиш тортата“-напиша Прличкова на Инстаграм.
Минатата година, поточно во септември Марија се омажи.
Имаше интимна церемонија, а Прличкова тогаш носеше нежен елегантен фустан во беж нијанса.
Среќен роденден Марија!