Зошто детската облека е толку скапа и што најмногу влијае на цената?

Елса или Патролни шепи... Кој цртан лик вашите деца го сакаат најмногу и дали им ги исполнувате желбите?

Сигурно сте забележале дека облеката, обувките и играчките кои вашите деца ги сакаат, а на кои ги има популарните ТВ херои, чинат за 20, 30 или дури 50% повеќе, отколку истите производи без „актуелниот принт“.

Што се крие зад детската мода и дали често големите цени се оправдани?

Дури ако немате намера да го облекувате детето по најнова мода, фактот дека понекогаш и оние наевтините работи - на крајот се скапи. Потребни ви се многу парчиња облека, бидејќи децата брзо растат, се валкаат, ги кинат, а особено доколку имате две, три или повеќе дечиња.

Покрај оние стандардните трошоци кои се „губат некаде пропратно“, додека облеката не стигне во продавниците, родителите често го плаќаат брендот, дизајнот, а побарувачката исто така ја наметнува цената. Тогаш кога ќе пронајдете детска облека на намалување, бидете сигурни дека тоа е „реалната цена“, но тие работи се на намалување тогаш кога продавниците ќе забележат дека не се купуваат.

На пример, Дизни хероите или Елса од анимираниот филм „Леденото кралство“, автоматски ја крева цената на артиклот, бидејќи лудоста по нив е планетарна: децата обично не водат грижа каква облека носат, доколку на неа нема популарен принт, но кога ќе ја видат Елса или лик од „Патролни шепи“ - тие бараат родителите да им го купат тоа парче.

Значи, брендовите тука „играат“ на емотивна карта, во моментот кога вие не можете да одолеете без да му го купите на детето она што го сака. Истото се случува и со играчките. Доколку имате забележано, популарните јунаци сега се насекаде - ги има на крпи за на плажа, на апостолки, па се до училишен прибор.

Другата страна на приказната е дека понекогаш плаќате за поквалитетен материјал, бидејќи детската облека воглавно е од чист памук.

Произведувачите на облека за бебиња знаат дека децата имаат чувствителна кожа, која брзо реагира на лоши материјали. За доброто на детето одлучија да вложат повеќе финансиски средства во процесот на производство и тоа доведува до зголемување на продажната цена.

Всушност, процесот на производство на детска облека земен е повеќе предвид од оној за возрасните, иако кроевите може да се поедноставни, а потрушавачката материја исто така помала. Еве зошто: тие вклучуваат неколку безбедносни регулативи, специјални процеси на избор на материјали кои се безбедни и привлечни за око. Квалитетот на детската облека се проверува повторно и повторно, сè додека финалната облека не се пакува за продажба.

За во потполност да го разберете процесот на производство на облека за деца и да ги следите трошоците, не би било лошо да ги знаете сите овие различни параметри кои би можеле да се поделат на директни и индиректни трошоци. Неодамнешно истражување покажа дека постојат шест производствени трошоци: од трошоци за суровини до трошоци за работата и производството.

Како што известува BabyCentar, ткаенината често „зема само 20 до 40% од класичниот производ за бебиња“, а кога станува збор за брендирана облека - тоа е само 10%. Едно е јасно: материјалот веќе не е најважен, иако се посветува внимание на тоа; подеднакво е важно облеката да бдие модерна и тренди.

Иако количината на материјал што се користи за да се направи облеката за деца може да биде значително поразлична од онаа што се користи за облека за возрасни, тоа не влијае многу на цената. Веднаш разбијте ја таа теорија: експертите тврдат дека не треба да барате заштеда во количината на материјали, затоа што облеката за децата е дизајнирана, како и за возрасните и затоа тие се прифатливи.

Ако ги одземеме оние оправдани трошоци, повторно се враќаме на тоа дека родителите често самите ја „креваат цената“ со производството за деца, бидејќи произведувачите знаат дека се „слаби“ на нив. Дизни, на пример, пред 6 години кога популарната Елса го полуде светот, продаде повеќе од 3 милиони фустанчиња со нејзиниот лик, а отприлика истите беа наменети за девојчиња од 4 години, барем во Америка.

Верувале или не, истовреме се продаваа и венчаници инспирирани со тој цртан лик, по цена од 1.200 долари - на намалување.

Извор: biznis.telegraf.rs