ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Зошто е добро да бидете оптимисти?

Оптимизмот не само што ви го збогатува и разубавува животот, туку и ви го продолжува. 

Оптимизмот штити од голем број на здравствени компликации, а воедно е и тесно поврзан со долгиот животен век. Истражувањето спроведено помеѓу 243 стогодишни лица покажало дека огромен процент од нив кон животот гледале со “розови очила”, односно имале едноставни и позитивни ставови.

Истражувањето од 2012 година тврди дека позитивниот став влијае многу позитивно на срцето. Психолошкото здравје е важен фактор за намалување на ризикот од срцев и мозочен удар, како и на други кардиоваскуларни проблеми. Затоа среќните луѓе се склони кон поздрави животни навики, што додатно влијаат позитивно.

Исто како и кај срцевите болести, така и во случајот со мозочен удар позитивните мисли помагаат најмногу. Истражувачите не се дојдени до конкретен заклучок за оваа поставка, но сепак во текот на над 6000 испитани лица, се докажало дека оние со позитивни мисли никогаш не доживеале мозочен удар или некоја слична здравствена состојба.

Резултатите од многу истражувања докажуваат дека оние кои преживеале земјотреси, поплави или било какви трауматични искуства, подобро се справуваат со нив кога имаат позитивен став. Оптимистичните војници имале понизок степен на депресија, што уште еднаш укажува дека траумите не секогаш мора да носат последици.