Зошто е добро да имате жена Риби во животот: Имаат големо срце, емпатија и непогрешлива интуиција

Припадниците на овој знак се едни од најинтересните, но честопати и неразбраните знаци. Со оглед дека ова е последниот од 12-те астролошки знаци, може да се каже дека тие се исто како дете

Владеењето на последниот знак на зодијакот - Риби, влезе на сцената на 19 февруари и ќе трае до 21 март.

Рибите се воден знак, затоа се издвојуваат по својата емпатија и изразените емоционални капацитети.

Тие го градат својот карактер според нивните идеали. Тие се лојални, упорни и интелигентни луѓе. Овој хороскопски знак има најчисто срце. Тие имаат тенденција да ја анализираат секоја ситуација, многу повеќе отколку што треба.

Владејачката планета на Риби е Нептун, која управува со соништата, психата, метафизиката и креативноста. Затоа тие имаат најизразена интуиција и се талентирани во уметноста.

Нивниот карактер е комбинација на карактеристиките на сите единаесет карактери. Ова значи дека Рибите се во постојана „борба“ со своите чувства, а другите хороскопски знаци тешко можат да ја разберат и „сфатат“ таа борба. Нивниот мозок и срце често се во конфликт.

За нив е многу тешко да донесат одлуки затоа што премногу размислуваат за работите и се плашат дека може да направат грешка.


Тие секогаш се тука за своите пријатели

Поради нивната тенденција да ги ставаат туѓите чувства пред своите, тие се сметаат за прекрасни пријатели. Така, можете да бидете сигурни дека тие секогаш ќе бидат до вас за добро и лошо и кога ви треба рамо за плачење.

Брзо простуваат

Нивното срце е големо и отворено, но не ги земајте здраво за готово.

Тие нема да размислат двапати за прекинување на комуникацијата со вас, ако се однесувате лошо кон нив. Но, тие брзо простуваат и тоа е нивната големина.


Следна страна