Зошто Кемер толку лесно ви се вовлекува под кожа, зошто Сиде е достојно за боговите?

Добивај вести на Viber

Ако не сте резервирале- побрзајте, има време за убавина секогаш!

Рапсодијата од вкусови, убавина на плажите и богатата историја ќе ве натераат да ја посетите „земјата на Султанот“ повторно и повторно.

Турција дефинитивно е една од најнапредните земји во туризмот во последните 10 години. Сите анализи покажуваат дека Турците се многу конкурентни со цените и секогаш се бараат аранжмани плус, посебно во летниот период. 

Целиот регион Анталија е приказна за себе, попознат како бисер на турската ривиера, ги мами посетителите со своите златни плажи, кристално чистото море и импресивни историски места. Идеална дестинација за љубителите на сонцето, историјата и луксузот, Анталија и нејзините околни градови нудат разновидност што може да го задоволи секој вкус.

Лара, Белек, Сиде, Кемер, Аланија... кој од кој поубави и монденски места, а ние имавме можност да ги посетиме, заедно со медиумската инфо- тура на патувањето чиј домаќин беше реномираната туристичката агенција „Фибула“.

Веќе пишувавме за убавините на Белек и сето она што го видовме.

https://zenskimagazin.mk/spremete-se-poletuvame-belek-zlatniot-raj-na-turcija

А сега ве водиме во блиските бисери кои ја сочинуваат оваа регија.

Со високи и миризливи борови, сместени помеѓу топлото море и студениот планински венец, Кемер спиеше мирно пред дваесетина години. Но денес ја покажува својата убавина и супериорност пред целиот свет! Тој е  еден од најважните туристички центри во Турција со фантастични хотели, прекрасни плажи со песок или камчиња и многу зеленило. Зошто Кемер толку лесно се вовлекува под кожа? На турски јазик името на овој град е збор што значи појас. Кемер го добил името по реката што тече низ него, создавајќи облик на појас. Од една страна високи планини како оние вулканските на Хаваи, од друга страна синото море кое плени со спокој. Портокаловите дрвја ги има насекаде, како и хотелските комплекси кои нудат се што сакате. Вистинска зона за релаксација и одмор.  А воздухот? Ја чувствувате чистата свежина со мирис на борови, посебно во летниот период. Воздушна бања!

Предлог хотели за кои „Фибула“ има ексклузивно право:

Нудејќи широки и уникатни објекти специјално прилагодени и за деца, Sherwood Exclusive Kemer е сместен во живописен предел на огромна површина. Ќе најдете базени за деца па дури и за бебиња. Се нудат и еколошки активности како што се садење дрвја и цвеќиња.

Заедно со посебен детски ресторан и игралиште, достапни се креативни активности како што се оригами, часови за готвење, работилници за ракотворби и игри со загатки за да ги задржите вашите деца инспирирани за време на вашиот престој во Sherwood Exclusive Kemer.

Хотелот нуди ултра ол инклузив услуга, вклучувајќи оброци во сите негови ресторани и избрани пијалоци. Гостите можат да уживаат во турски, италијански, кинески или рибни специјалитети во à la carte рестораните. Баровите служат различни пијалоци и пијалоци во текот на денот.Плажата е модерна, со неколку марини и освежување на нсекој чекор. Секоја единица има свој посебен безен, па имате чувство како да сте во ваш двор, ваша куќа и ваш базен. Прекрасно.

Патот понатаму не однесе во Paloma Foresta. Рај, буквално. При разговорот со менаџерот, рече дека ресортот има дрвја и цвеќиња кои ги нема никаде на светот, а дека некои се донесени од Иран. Да, целиот комплекс е обвиткан во бескрајно зеленило од кое застанува здивот. Палми на секој чекор, шареноликост од цветни мириси, базени со водопади...

Paloma Foresta со ултра луксузен концепт за ол инклузив и неговите 346 соби со својата неспоредлива плажа лоцирана каде планините Таурус го опфаќаат Медитеранот и текстурата што нуди спокојство и смиреност ги кани гостите во својот релаксирачки и смирувачки свет. 

Со шест ресторани, пет барови и долга листа на активности од кои можете да изберете, ќе бидете разгалени поради изборот на одмор овде. 

Ова место може да се пофали со врвна бања, пијано бар и театар каде што можете да го гледате Московскиот државен циркус во лето. Плус, ако се чувствувате фенси, можете да одлучите да останете во вила.

За да се заокружи врвниот впечаток, не однесоа во Mirage Park Resort - All Inclusive.

Нуди приватна плажа каде што можете да уживате во кабани, чадори на плажа и масажи на плажа, плус ќе имате пристап до одбојка на плажа на лице место. 

Има многу забава со 2-та надворешни базени и затворен базен, а гостите расположени за разгалување можат да го посетат спа-центарот за да се занесат со масажи со длабоки ткива, ароматерапија и маникир и педикир. РЕСТОРАНТ ОЛИМПОС, еден од 4-те ресторани, служи интернационална кујна и е отворен за појадок, ручек и вечера. Други моменти на овој луксузен имот вклучуваат 2 барови покрај базенот, ноќен клуб и бесплатен детски клуб.

Balmy beach e еден навистина раскошен комплекс кој изобилува со кафено- зелени нијанси и се претопува во целосниот пејсаж. Таму на широката тераса го видовме најубавото зајдисонце, долгата плажа, вкусните коктели и луксузната вечера. 

Овој хотел само за возрасни е особено посветен на заштита на животната средина и може да се пофали со прекрасен амбиент, со многу природни материјали и бои кои создаваат моментално чувство на спокојство. Негува смирувачка атмосфера, особено во спалните соби и спа-зоната. Третманите што се нудат се засноваат и на современи техники и на традиционални процеси вкоренети на Далечниот Исток. Кулинарската понуда, исто така, промовира благосостојба, со акцент на свежи, локални производи. Последно, но не и најмалку важно, хотелот ужива во исклучителен амбиент покрај плажата и во подножјето на планинскиот венец Кемер. 

Стапнавме и во „парчето земја на Боговите“...

Сиде има долга и богата историја. Низ вековите низ таа територија поминале многу различни народи и култури поради добрата стратешка положба. 

Сиде на турски значи „калинка“, па ова овошно дрво може да се види на секој чекор. Исто така, во текот на сезоната се продава и цеден сок од калинка по целото крајбрежје.

Легендата вели дека божицата Таурус, која живеела таму, ја донела својата ќерка Сиде во Манавгат за да си игра со нимфите. Во еден момент Сиде здогледала дрво од кое скинала гранка и дрвото почнало да крвари. Таа била исплашена бидејќи тоа всушно било нимфа претворена во дрво. За казна, Сиде била претворен во калинка.

Хотели по наша препорака:

Terrace Elite Resort може да се пофали со различни капацитети за да ги забавува децата додека вие го впивате прекрасното турско сонце. 

Додека децата го истражуваат мини клубот или возбудливите лизгалки на вода, зошто да не се почестите со релаксирачка посета на бањата? 

По денот на забава, опуштете се во изборот на достапни ресторани и барови пред да се повлечете во вашата удобна соба.

Од друга страна, имајте одмор од соништата во хотелот Terrace Beach сместен на златните, песочни, меѓународни наградувани плажи на Сиде. 

Уживајте во приватната плажа долга 130 метри и нејзиното тиркизно обоено море. Хотел со 5 ѕвезди all inclusive има 4 ката со вкупно 270 соби кои сите имаат поглед на море и градина. 

За хотелот Lago надалеку се слуша. Може да се пофали со 22 отворени базени, фантастична плажа со кристално чисто море и спокој.  

Има и возбудлив воден парк во хотелот односно комплекс од базени, со мрежа од тобогани и канали. Ќе најдете уште два базени во затворен простор - еден за возрасни и еден за деца. Во бањата, можете да се опуштите во турскиот амам или да изберете цела палета на масажи и пилинг за тело.

Side Royal hotel... Kралска палата може да се пофали со отворен базен, детско игралиште и сончева тераса. Хотелот располага со спа центар и сауна, а гостите можат да уживаат во оброк во ресторанот или пијалок во барот. 

Во 3-те ресторани со отворено шведска маса се служи меѓународна кујна, а може да се вкусат и италијански и турски деликатеси. Гостите исто така можат да уживаат во свежа морска храна во ресторанот. Бар на лице место нуди освежителни пијалоци.

Овој хотел располага со приватна плажа, а на располагање се изнајмување велосипеди и автомобили.

А како ја искусивме Аланија, бисерот на крајот од низата? 

Па секако, на приватна јахта. На тој начин го видовме целиот град кој има фамозни тврдини и екстра модерни одморалишта.

Едноставно се препуштате на мигот, а мигот трае и трае...

Јахтата не однесе до неколку дестинации, како скриени пештери, мали пирани и заливи со кристална вода. 

Секако, следеше скокање од јахта директно во море, за задоволството да биде комплетно.

Таква е Турција- комплетна за сечие сетило, вкус, мирис, одмор...

Небојша Толески