„Зошто луѓе вака!?“: Ирена Спировска со апел за ѓубрето кое граѓаните го оставаат зад себе на нашите излетнички места
Како еден од најголемите љубители на планината и прошетките во природа, водителката Ирена Спировска неретко споделува фотографии од убавините на нашите македонски планини и ливади, но овој пат водителката ги искористи социјалните мрежи за да апелира за ѓубрето и нередот кои ги оставаат граѓаните, откако ќе уживаат во убавините на нашите најураскошни и полни со природни богатства места.
За жал, покрај целата божја убавина и зеленио кое ни го дава природата, скоро секогаш се наоѓа по едно коше или место каде има натрупано ѓубре. Отпад кој го прават граѓаните кои ги посетуваат овие места вообичаено за викенд или за време на продолжени викенди.
Со овие фотографи очигледно Спировска апелира до сите да си го соберат направениот смет и да си го понесат со себе и да фрлат во најблискиот контејнер.За жал оваа слика на ѓубре насекаде околу нас не изостанува ниту од нашите најпознати туристички места, особено се шират фотографии од Охрид, каде екипите кои работат во комуналец, работат во три смени за да го исчистат сметот кое го оставаат зад себе туристите.
Тоа е редона слика по продолжени викенди на скоро сите излетнички места во земјава. За жал, никако да се подигне свеста кај народот за чување на нашето, на придодните богатсва, а пред се‘ и да бидеме пример за младите, да им покажеме како се сака и негува својата земја.
Фото: Инстаграм - Ирена Спировска
Р.Ж.М.