Зошто размислуваме за богатите луѓе?
Оние кои имаат многу пари секогаш се интересни за општеството како поради средствата со кои располагаат, така и поради начинот на кој се однесуваат.
Па според тоа, еве некои од особините со кои изобилуваат богатите луѓе:
Да се биде богат е како да се биде од друга држава
Луѓето околу нив ќе им завидуваат, обично тоа нема да им го зборуваат во лице, избегнувајќи да ги повикуваат на дружења на кои ги повикуваат сите свои пријатели, сметајќи дека за богатите тоа не е доволно добро. Децата на богатите почесто се одделуваат од другите деца, тоа е таканаречено трансгенерациско чувство на отуѓеност и неприпадност.
Богатите не се нужно и несреќни
Парите не се и неможат да бидат гаранција за среќен и исполнет живот. Научниците од Принстон откриле дека во САД, на пример, за една година пристоен живот морате да располагате со околу 75.000 американски долари. Општеството ви диктира дека за добар живот исполнет со среќа ви се потребни многу пари, а всушност, како што веќе знаеме, со парите не може да се купи чувство на исполнетост и лично задоволство.
По што се разликуваат милионерите и милијардерите?
Поголемиот дел од милионерите не се задоволни со она што го постигнале во животот. Мијардерите пак само уживаат во животот, во потрага по нови активности или бизниси кои можат постепено да им го зголемат капиталот.