Зошто едни семејства се среќни, а други - не?
Еднаш еден млад човек прашал еден мудерц:
"Ти си мудар човек, сите те почитуваат и бараат совет од тебе. Те молам кажи ми зошто твојот семеен живот е толку среќен? Што е тајната?
Мудрецот се насмевнал и рекол:
"Дојди дома, биди мој гостин. Мојата сопруга ќе направи домашна торта.
Отишле заедно во домот на мудрецот и седнале во дневната соба. Мудрецот ја викнал неговата сопруга. По некое време убава и весела жена влегла во собата и изгледала многу среќна.
"Да, драги, повели!
"Мила, те молам, подготви тесто за твојата прекрасна торта.
- Добро, сега. Одговорила жената.
По некое време се вратила во дневната соба и му кажала дека тестото е подготвено.
"Сега додај од најдоброто масло и оние вкусни ореви што ги чуваме за специјални настани. "Продолжил мудрецот.
"Добро", рекла неговата сопруга повторно.
Таа се вратила за десет минути, а нејзиниот сопруг и го кажал ова:
"Сега додај малку глина од дворот во тестото и испечи го.
"Добро", одговорила жената, а за половина час се вратила, носејќи го готово печивото.
"Се разбира, не можеме да ја јадеме оваа торта. - рекол мудрецот- ќе им го однесам на свињите.
"Добро", жената одговорила повторно.
Гостинот бил шокиран од она што го видел. "Но, дали е тоа можно ?! Оваа жена покорно исполни сè што нареди нејзиниот мажо дури и најапсурдното ... Не му се спротистави ниту еднаш и дури не се налути што треба да го фрли колачот ... ", си мислел младиот маж.
Тој беше толку импресиониран што одлучил да го повтори овој експеримент со својата сопруга. Кога дошол дома, викнал од прагот:
- Душо, замеси тесто за торта!
"Откаде пак го измисли сега ова?" Имаме доволно храна дома, и имам друга работа! "Неговата жена одговори лараздразливо, и се вратила во својата соба, треснувајќи ја вратата.
Следниот ден човекот се вратил кај мудриот човек и го прашал:
"Зошто кај тебе се случи така и твојата жена доброволно исполни се што ѝ рековте, а мојата не ме слушаше?
"Сè е многу едноставно", одговорил мудрецот, "меѓу вас нема почит и доверба.
"Па што да правам сега?"
Вие двајцата треба да научите да се почитувате меѓусебно, да верувате и да знаете дека може да се потпрете еден на друг. Но, за тоа, прво треба ти да почнеш да правиш сé за да се чувствува таа среќно.
Човекот размислувал за зборовите на мудриот човек и се упатил дома. На патот видел убава розова грмушка. Тој се сетил дека и подарил такви рози на неговата сопруга кога ја барал нејзината рака. Потоа секој ден и носел рози. Но, оттогаш поминало долго време. Таа не се сеќавала кога последен пат и однел цвеќе. И сега тој одлучи да ја скине гранката на прекрасната грмушка и да ја однесе на жена си. Кога се вратил, таа спиела, а за да не ја разбуди, само ја оставил розата на нејзината перница.
Следното утро, за прв пат по многу години, го чекаше појадок ... и убава жена со очи кои светкаат. Ја прегрнал и нежно ја бакнал, исто како и секогаш. Од овој ден па натаму, сеќавајќи се на зборовите на мудриот човек, човекот се обидува да ја направи својата жена среќна. И таа му враќа со истото.
Поминаа неколку години. Еден ден еден млад човек сега тропнал на неговата врата.
"Слушнав дека врската помеѓу тебе и твојата сопруга е пример на семејна среќа и хармонија. За мене работите се многу тешки - имаме постојано неосгласување со мојата сопруга, таа не ме слуша, ние постојано се расправаме за нешто ... Кажи ми што е тајната на твојата семејна среќа?
Фармерот се насмевнал и рекол:
"Дојди дома и биди мој гостин. Мојата сопруга ќе направи торта ...