Понекогаш забораваме колку малку ни е потребно за среќа. Ситниците ја прават разликата. Семејството кое почитува одредени едноставни правила, сигурно ќе биде среќно. Можеби ви изгледа невозможно, но постои решение за успешно балансирање помеѓу личните потреби и партнерот, децата, родителите и работата која ја правите. Ви пренесуваме три основни правила за среќно семејство.
Да се биде заедно, не значи да се биде среќен
Секое семејство има цел нивните членови да се среќни и задоволни кога се заедно. Еден на друг треба да пружаат поддршка и добро да се однесуваат. Заедничкиот ритуал е најцврстата семејна прегратка која постои и тоа дружење покрај маса треба да се искористи за опуштање, шега и за олабавени разговори. Сеедно дали се работи за доручек, ручек или вечера, смеата е нешто што децата треба да го памтеат како најубави спомени од детството. Заеднички оброци би требало да имате најмалку пет пати неделно.
Бракот е на прво место
Maма и тато треба да ја негуваат љубовта и блискоста која ги одвела во брачните води. Мали знаци на внимание, зборови на разбирање и поддршка, прегратка и интимна вечера надвор од дома, се одлична одбрана од несогласувања. Тоа често треба да се има на ум и кога се запали црвениот аларм, треба веднаш да се реагира, а не да се турка под тепих незадоволството кое расте. Освен што на партнерите ќе им се врати довербата и блискоста, тоа е добра лекција и за децата кои за бракот и односите помеѓу мажите и жените учат од своите родители и нивното меѓусебно однесување.
Семејството е поважно од пријателите
Во среќните семејства сите членови без никакво сомнение се над пријателите. Исто така и детето не треба да дојде во ситуација забава да бара надвор од дома и да ги стави пријателите над браќата и сестрите. Секако, децата треба да имаат пријатели, но објаснете им дека пријателството е важно, но е подредено на семејството.