,

Шармерот Раде Шербеџија со два ексклузивни концерти во Скопје

Во Македонската опера и балет на 4-ти и 5 ноември 2017, македонската публика ќе ужива во ексклузивните концерти на најголемиот шармер Раде Шербеџија. Во Скопје тој ќе го промовира новиот албум кој треба да излезе во средината на октомври. Присутните ќе ги слушнат: „Не дај се Инес“, „Мени се душо од тебе не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“ и други. „Гаро и Тавитјан брадрс“  ќе бидат специјални гости на концертот, но ќе има и други гости кои засега се држат во тајност. Влезниците ќе може да се купат преку мрежата Купи Карти За Се, Југотон и онлајн по цена од 990 денари.