Ана Бунтеска: Мајка шо ќе ти помисли, не дај боже да биди
Џабе не се рекло
Мајка шо ќе ти помисли
Не дај боже да биди
Оти ништо на светов поголемо не е
Од љубовта и стравот на мајката за чедото свое
Та уште дур в стомак ти е
Како шо расти пилето внатре
Така и грижата за него ко река надојдена е
Живо и здраво да е, си мрмориш
Само живо да се роди, си редиш думи ко улава
Та после се’ подруго ќе биди
Еј, мајко
Само така умот си го лажиш
Оти ко се раѓа чедото
Дури тогаш душата почнува да ти се треси
Болно било
Та кренало температура
Ами сипаници имало
Та запчето дал криво или направо никнало
И редиш ноќи неспани
Ги редиш ко монистри на рибарски конец
Та крај нема
Ете крајот никако не се гледа
Цицало или многу спиело
Та ако цица многу да не ти е слабо млекото
Ама па ако спие многу да не не му е арно
И така во круг
Така со децении
Дур еден ден не се фатиш себе
Сета побелена во косата
А чедото веќе маж голем
Или мома стројна крај тебе
Ама ти пак ги гледаш ко тогаш
Ко некојпат дечиња дробни дур биле
И никако да ти мини таа слика
Никако да си речиш
Оти готово, пораснаа
Ај да одморам малку
Еве и јас да легнам и станам
Без на нив да мислам
И се врткаш низ куќа
Та албуми стари земаш
Пожолтените фотографии низ прсти ги вртиш
И се чудиш времето како минало
Колку брзо и неосетно
Оти како вчера да беше
Ко дуваше на издрасканото коленце
А еве веќе денес треба внучиња да чуваш
Та и за нив гајлето го бериш
Ко за твоите на времето
И има мигој кога веќе не знајш шо ти е дете
А шо од детето твое, дете е
Оти и рожбата на твоето дете
Со нејзиното име ја викаш
Оти во душата исто ти е
Истиот страв
Истата болка
Истите мисли пусти
Кои ко досадни муви ги ишкаш
Оти скраја да е
Ама знајш дека не дај боже
Господ никако да не дај
То шо мајка од страв ќе го помисли
Вистина да се стори
Амин
За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска