Ана Бунтеска: Ѓоамити болката слатко од смокви е
Низ годините поважно е што си научил
Оти некогаш и стопати ќе учиш
Ама ништо во глата не ќе ти влези
Ко за инает сите искуства крај тебе ќе минат
И пак на истото по којзнае кој пат ќе се сопниш
Та со носот право в земи
И дур да зарасни ќе внимаваш
И двете четири ќе ги очаклиш
За после пак да се заборајш
До следното паѓање
До следното станување кое се’ потешко и потешко е
Ех
Мудар да знај чоек да биди
И да учи од она што на другите болка им е
Ама не
Пусти чоек, пуст да остани
Сам да види, да искуси
Ѓоамити болката слатко од смокви е
Та сркај дур можиш и уште појќе да бараш
И ко ќе видиш еден ден
Назад ко ќе се свртиш децении крвој си цедел
И колејнците си ги одрал ко учениче да си
Драскајнци на сите страна
И чуму?
Чуму ко ништо не си научил
А демек лесно е
Лекцијата е само неколку збора кои треба да ги памтиш
В крпче да си ги врзиш и в џеб да ги клајш
Ама пусто разум треба
Треба умот да го вклучиш и да памтиш
На дикат да клајш на кој камен си се сопнал
И следниот пат околу него да одиш
А не ко магаре пак преку него
Каде бе пиле со тој ум?
Ама камен ко камен
Нема да го снема
Ниту од дождот ќе се стопи
Поарно прескокни го и терај потаму
И сите на истиот удолу ојме
Да си памтиш и за си запишиш ако треба
Оти како се вели
Паметниот запишува а будалиот памти
Да си запишиш и со големи букви
За да не се ваѓаш оти очилата на носот не ти се
И дека не можиш да исчиташ
Оти од лоши луѓе треба да бегаш
Ниту да се поганиш со нивниот лошотилак
Ниту да исправаш крива река за направо да ој
Туку да се тргниш и џаде да фатиш
Да не ти дишат во тебе
Да не те допрат со рацете
Да не ти ја избербатат светлината околу тебе
И од луѓе кои од љубовта-нељубов прават
И од тие чедо да бегаш
Да бегаш пиле дур љубов во себе имаш
Оти таквите ако не ги сетиш на време
За на време по патот да си врвиш
Готово е!
Од смеата-молк ќе сторат
Од топлината-коцки мраз по грбот ќе ти врват
Од медот в уста шо го имаш-пелин ќе се наголташ
Од белото-в црно ќе те завиткаат
Од убоста-за навек лелек в грло ќе имаш
Да си умна
Да си умен
Да сте ми умни пилиња
И да не учите без да научите
В глата да ви влези оти животот овој е
И еден е
Нема пауза и нема враќање назад за да испрајш нештото
Диши го со сета сила
И дур дишиш да научиш да живејш без бол
Ко чума од неубото да бегаш
Дур нозе те носат
За ѓаолот да не ми те однеси пиле
За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска