Децата до третата година со дијагноза на аутизам имале разни нивоа на витамин Д додека уште биле во матката, покажала нова кинеска студија објавена во Journal of Bone and Mineral Research. Токму во тоа ја нашле поврзаноста помеѓу аутизмот и недостатокот на витамин Д.
Експертите сметаат дека ниските нивоа на овој витамин во текот на бременоста, може значајно да го зголемат ризикот од развој на аутизам кај децата.
Во својата студија споредувале разни нивоа на витамини со нивните три години и со оние додека уште биле во мајчината утроба. Тие податоци ги добиле од крвта веднаш по пораѓањето на бебето.
Од 1000 тригодишници, 310 од нив развиле аутизам.
Нивото на витамин Д било значајно пониско кај деца со аутистичен синдром. Оние кои имале најниско ниво на витамин Д како новороденче, имале за 260 посто поголем ризик од развој на аутизам, во споредба со бебиња кои имале нормално ниво на витамин Д-стои во студијата.
Нарушување од спектарот на аутизам се карактеризира со тешкотии во комуникацијата и социјалната интеракција како и тешкотии во когнитивна и емотивна смисла.
Витаминот Д е поврзан и со други состојби, како деменција, мигрена и ментални болести како шизофренија и депресија. Ако на телото му недостига витамин Д, ментална болест и симптомите може дури и да се влошат.