Сонце грее
Во срцето на човекот
Што мракот го допрел,
Сонце грее
Во душата на оној
Кој бил на дното,
Сонце..
На челото на оној
Кој доживеал трагедија.
По патеките со трње
Оној кој газел,
Со себе светлина носи.
Љубов блика
Само од душа напатена,
Топлина ке осетиш
Од човек што
Долго живеел во студенила.
Мир во зборовите
Има во човек
Од мрак што доаѓа.
Погледот е бескраен со соништа
На оној кој
Со окови бил заробен.
Цвеќе во душата носи,
Оној кој оди
По патот долг и чист,
Чекори храбро,
Чекори цврсто,
Сигурно чекори.
За него нема крај,
За него нема граници.
Лета слободен
Како птица,
Брза кон својот престол.
За Женски магазин, поетесата Биљана Пауновска
Животна училница // Приказни
Биљана Пауновска: Голем човек
Сонце грее
Во срцето на човекот
Што мракот го допрел,
Сонце грее
Во душата на оној
Кој бил на дното,
Сонце..
На челото на оној
Кој доживеал трагедија.
По патеките со трње
Оној кој газел,
Со себе светлина носи.
Љубов блика
Само од душа напатена,
Топлина ке осетиш
Од човек што
Долго живеел во студенила.
Мир во зборовите
Има во човек
Од мрак што доаѓа.
Погледот е бескраен со соништа
На оној кој
Со окови бил заробен.
Цвеќе во душата носи,
Оној кој оди
По патот долг и чист,
Чекори храбро,
Чекори цврсто,
Сигурно чекори.
За него нема крај,
За него нема граници.
Лета слободен
Како птица,
Брза кон својот престол.
За Женски магазин, поетесата Биљана Пауновска