Животна училница // Приказни
Биљана Пауновска: Каде си?
Каде замина?
Каде исчезна без трага?
Кој пат води повторно до тебе?
Ги заборави ли утрата со љубов и прегратки?
Шумот на срцата што куцаа во ист ритам.
„Засекогаш заедно мила“
Толку ли траеше нашата љубов?
Што беше „засекогаш“ за тебе?
Замина...
Остави безброј прашања без одговор.
Исчезна за миг,
со мракот кој се спушти,
и со ниедно изгрејсонце,
никогаш повеќе не се врати.
Ако погледите некаде
повторно ни се сретнат,
сврти глава,
не ме препознавај,
не ме поздравувај,
не вели ништо...
ништо не прашувај,
ништо не кажувај...
Само занеми!
Занеми од болка од
мојата светлина,
занеми од мојата убавина.
Нека студен бран го пресече срцето твое,
како оној во кој ти го потона моево.
За Женски магазин, поетесата Биљана Пауновска