Биљана Пауновска: Најмила

Од твоето срце Љубов што извира, Твоите очи Што надеж ми даваат, Ти си мојата најмила. Домот со сјај Од ѕвезди што го исполнуваш, По завесите на мракот, Светлина што носиш, Ти си мојата најмила. Рајска градина Од се што создаваш, Последната солза Што на твоите гради Ми завршува, Ти си мојата најмила. Посилна од камен, Помоќна од се, Твоите раце што греат Потопло од сонце, Ти си мојата најмила. Љубов моја, Од првпат ден кога видов, Од првпат ноќта кога ја запознав, Од првиот чекор, Од првиот збор, Ти си мојата најмила. Сопатник мој верен, Другар мој најверен, Со храбри чекори Што секогаш ме следиш Ти си мојата најмила. Ти, од мојот хаос Ред што создаваш Од пекол рај што правиш, Наутро со насмевка ме будиш, Ти си мојата мајка најмила.