Биљана Пауновска: Судбина

Добивај вести на Viber

Еј човеку, ти, цвету мој најубав ти, убавино создадена Од Божји раце... Ти, сонце кое ми го осветлуваш животот, ти, љубов моја неостварена, ти, сону мој недосонуван, ти, животу мој неизживеан. Еј, човеку со ангелско лице, Ти ли си мојата судбина? Бог ли те создаде тебе? Твојот лик ми дава моќ, сила да го освојам светот, надеж, дека се се надминува. Верба, ќе ги остварам сите соништата. Твоите очи ги уриваат сите препреки. Ти љубов моја најголема, ти што душава ми ја грееш, ти, радост ми всели во срцево, Ти, што ми го покажа патот... Тебе ќе те љубам вечно. Ти си дел од мојава душа, ти си спокој и мир, љубов си ми ти. За Женски магазин, поетесата Биљана Пауновска