Благодарноста нѐ води до успех и среќа
Луѓето кои дозволуваат Законот на привлечноста да работи за нив, се посебни луѓе. Лесно се препознаваат. Тие најчесто се позитивни, весели, восхитени од животот, полни со љубов и сочувство. Секако, и нив им се случуваат лоши животни мигови, моменти на очај, болка, тага, но овие луѓе не им подлегнуваат. Изгледаат како да уживаат во животот. Тоа се луѓето кои го сфатиле предусловот за успех, а тоа е искажувањето благодарност.
Како и зошто делува ова?
Со фокусирање на она што го имате, наместо на тоа што го немате, испраќате сигнал: ИМАМ МНОГУ. За возврат, Законот на привлечност ви возвраќа давајќи ви уште повеќе. Без благодарност, енергијата која ја испраќате е НЕМАМ ДОВОЛНО, па со тоа, губите се повеќе и повеќе, сè додека навистина немате. За да го достигнете нивото на среќа и позитивни вибрации, едноставно треба да започнете да размислувате зошто треба да бидете благодарни. Сигурно има многу нешта за кои треба да бидете благодарни.
Фрлете поглед на вашиот стан, евтиниот автомобил или телевизор, ако се споредите со богатите, ќе се чувствувате како едвај да сте успеале. Но, пробајте да размислувате вака: побогати сте од поголем дел од жителите на планетата, а и најбогатите кои живееле 200 години пред вас.Тие немале кочија која ќе ги разнесува секаде, немале авион кој ќе ги носи на друг крај на светот, не користеле мобилен телефон, немале магична кутија која зборува, а ја викаме телевизор. Затоа бидете благодарни, така давате шанса универзумот да ви даде повеќе.
Благодарноста не треба да се темели на чувства, туку на сопствениот избор. Не треба да им се дозволува на емоциите да управуваат со тебе. Ти си повеќе од своите емоции, душа која има тело, емоции и разум да и служат, а не да владеат со тебе. Неколку минути позитивно афирмирање секој ден, даваат позитивни резултати. Благодарноста е израз на душата, па затоа треба да и дозволиме на душата да се изрази. Една од најдобрите особини за привлекување добри нешта, луѓе и ситуации е благодарноста.