Животна училница // Приказни
(ВИДЕО) Животот во мала куќичка и овозможи патување низ светот: ќе се воодушевите од внатрешноста
Кога во 2013-та Џена се заситила од својата работа во филмскиот свет одлучила со тогашниот партнер да направи драстична промена. Одлучиле за минималистички начин на живот како би заштеделе пари и во тоа успеале.
https://www.instagram.com/p/BeMBP_3Dim3/?utm_source=ig_embed
Направиле мала куќа на тркала како би можеле наредните година дена да ги поминат патувајќи во светот и бележејќи свои белешки.
Внатре во куќичката Џена има се што и е неопходно за живот. Веднаш до влезот од десна страна се наоѓа дневна „соба“ - мал двосед кој е обиколен од прозорци. Тука Џена работи, а овој простор може да послужи и за спиење кога се извлече душекот.
Околу масата која се спушта од ѕидот во овој дневен престој може да седнат дури шест луѓе.
Скалите кои водат до главната „спална соба“ се направени од различни полици и тоа толку оригинално да многу луѓе кога прв пат доаѓаат кај Џена не сфаќаат за што всушност служат тие и не им е јасно како таа се качува до креветот.
Веднаш околу е целосно опремената кујна - со судопер, рингли, фрижидер и доволно простор за чуваење на работи, а зад неа се наоѓа купатило со туш кабина и wc шолја.
Погледнете како изгледа живот во мини куќичка.
https://www.youtube.com/watch?v=74KTOpJXY_o