Животна училница // Приказни
(ВИДЕО) Срцепарателно: Илјадници луѓе се трогнаа од приказната на ова момче
Малиот Китон Џонс од Тенеси, САД го разнежи светот со приказната за малтретирање со која се соочувал на училиште.
Во видео споделено од неговата мајка во социјалните мрежи и прегледано илјадници пати, Китон зборува за навреди и понижувања од страна на неговите соученици. Мајката на момчето го објави видеото во петокот кога напишала дека нејзиното дете сакало повторно да се врати од училиште порано дома, бидејќи се плашело да руча таму.
„Чисто од љубопитност - зошто луѓето се силеџии во училиште, во што е смислата , како можеш да најдеш радост во тоа да бидеш груб со невини луѓе?“ Китон прашува низ солзи.
https://www.youtube.com/watch?v=kz1xzBYppW8
„Ме нарекуваат грд“, велат дека немам пријатели“, вели тој. „Луѓето кои се различни не треба да бидат критикувани за тоа. Тие не се виновни што се такви родени“, додава момчето.
Од приказната на Китон, познати личности како Крис Еванс, Селена Гомез, Џастин Бибер, Кети Пери, Снуп Дог, Марк Хамил, синот на Доналд Трамп - Доналд Трамп помладиот , и други, беа погодни . Тие испратија пораки на сочувство на социјалните мрежи.
„Не дозволувајте да ти влијаат. Јас ти ветувам дека работите ќе се променат. И додека овие ужасни деца се прашуваат какви луѓе сакаат да бидат, што ќе кажеш на тоа ти и твојата мајка да дојдете на премиерата на новиот филмот „Avengers“ во LA следната година ?, напиша актер Крис Еванс.
https://twitter.com/ChrisEvans/status/939976020479938562