Животна училница // Приказни
ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?
Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов
„Чија си“ (Тоше Проески)
https://www.youtube.com/watch?v=DtuZ_EOsVM4
Песната со која Тоше Проески настапи на „Беовизија“ требало да ја отпее црногорскиот пејач Бојан Маровиќ. Авторката на рефренот кој стана хит во сите поранешни ЈУ-републики, Леонтина Вукмановиќ, призна дека легендарниот македонски пејач не бил нејзиниот прв избор.
- По низа настани, слушнав дека сепак Тоше ќе ја изведе таа песна. Најпрво бев збунет и малку потресен, но во еден момент си реков дека песната отиде кај тој кому му беше судена и ми беше мило што ја доби-откри Маровиќ во книгата „Ова не е крај“, романизираната биографија за Тоше, дело на познатата новинарка Соња Алексоска Неделковска.