ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Добивај вести на Viber

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов „Уште еден ден“ (ДНК) https://www.youtube.com/watch?v=My-vWFVnk3c
Емотивна балада, насловната композиција од последниот албум на „ДНК“. Музиката е заедничко дело на Лазар Цветковски и Панчо кој, пак, е и автор на приказната, посвета на неговата мајка. - Секој од нас изгубил некој свој ближен и сакан. За жал, некој порано, некој подоцна, но болката во срцето и душата е секогаш неподносливо иста. Овој рефрен е посветен на сите оние кои го почувствувале чемерниот јад и болка од прераната разделбата со своите сакани. Запаметете дека саканите личности иако не се тука меѓу нас, тие секогаш живеат во нашите срца сè дури ние ги споменуваме. Овој рефрен е посветен на Каќуша Свилиќ, мојата мајка и вечна хероина од моето детство и младост – изјави Панчо. Кадрите за спотот, кое всушност е симболика на нераскинливата врска меѓу мајката и детето, животот и смртта, се снимани во Марков манастир и на Козјак.