ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Добивај вести на Viber

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов „Брод што тоне“ (Тамара Тодевска) https://www.youtube.com/watch?v=lPdA7o12u68 Балада која Тамара ја отпеа на „Скопски фестивал“ во 2014 година и го освои второто место. Музиката е на докажаниот автор и продуцент Роберт Билбилов кој ги напиша и стиховите заедно со младата писателка Ксенија Николова. - Песната се случи случајно, затоа и можеби беше толку вистинско. Излезе наеднаш, со целата сила и целата моќ на инспирацијата. Се надевам дека ќе ми се случат уште многу такви моменти во животот – изјави во една прилика Николова. Видеозаписот е дело на „Гориа филмс“, се снимаше на главната сцена во МНТ, а впечатливата кореографија на танчарите ја осмисли Олга Панго.