ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Добивај вести на Viber

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов „Чија си“ (Славе Димитров) https://www.youtube.com/watch?v=STpjU07jJKo https://www.youtube.com/watch?v=tcQ8rRu03Es Музиката е компонирана во 1969 година во Битола, а текстот и аранжманот се создадени подоцна во Скопје. Славе Димитров напишал композиција, но без име која стоела во фиока две години. Еден ден му ја отсвирил на Благој Стефановски кој е автор на текстот. Песната првпат јавно е објавена на Фестивалот на забавни мелодии „Скопје 71“. Изведена е во две верзии, првата во вокална интерпретација на Димитров, а втората во интерпретација на Крунослав Кичо Слабинац. Била наградена со втора награда од публиката.