ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанеле македонските хитови?

Добивај вести на Viber

  Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов „Дупла вотка (Дарио Панковски) https://www.youtube.com/watch?v=5NUZp7EooC4 Минатата година се навршија две децении од издавањето на овој рефрен. Дарио е и автор на музиката, а стиховите се дело на Тоше Поп Симонов. - Имав напишано еден текст за оваа тема кој беше прилично социјален. Тоше ми го фрли листот и за два часа напиша нов со наслов „Дупла ’жта“. Му реков дека нема шанси да ја пеам со таков наслов, не ми личи мене тоа. Два дена размислувавме. Виски некако не одеше, бидејќи во тоа време го пиеја само одредени луѓе и не сакавме да биде нешто надмено. Ж’та ми беше многу кафеански и на крај ја одбравме идеалната комбинација. Вотка пие секој и ја има за сечиј вкус и џеб–откри Дарио.