(ГАЛЕРИЈА) „Златна бубамара на популарноста“ ни понуди илузија за подобар живот во четири часа

Добивај вести на Viber

Златна Бубамара повторно. Политичари, спортисти, глумци, водители и сите кои ја сакаат забавата уште еднаш му долетаа на Ранко Петровиќ на гости. Мерцедесот и мачките, штедењето и Холивуд, ракијата и песните кои сите заедно ги пееше преполната сала, се едно убаво заокружување на 21 Златна Бубамара. Списокот на наградените и овојпат преполн. Почит се одаде и на оние кои не смеат да бидат заборавени, токму поради нивниот културен печат. Тијана и Тамара уште еднаш потврдија дека се сестри во музички сенс. Кили како и секогаш полн со енергија ја засмејуваше публиката. Ни на оваа Бубамара не заборави да го сподели моментот на симпатии кон прекрасната Дани. Сашко како и секогаш забавен во своето водителско шоу. Дино внимателно го следи во чекор. Меморија повторно го оживеа оганот во нас. Маја Панчева и Александар Митевски приредија убав музички колаж за заслужениот аплауз на Нови Фосили. Вовед во изборот на најубавото од Нови Фосили, направи младата Нина Деан, која успеа да ја донесе Сања Долежал од младите денови. Вардар спортските легендите на сцена дочекани од прекрасниот и богат вокал на Виолета Томовска, која беше следена од Наум Петревски и фантастичниот хор. Маја Оџаклиевска уште еднаш умешно комуницираше со публиката... Оваа Бубамара потврди уште еднаш дека Македонија е желна за „ Бољи живот“, онака како што и пееше синоќа на сцена Дадо Топиќ. До следната еве ја нашата фото приказна: