Дали Вие сте себична мајка?

Дали сте се среќавале со коментари дека некои луѓе стануваат родители како би ја задоволиле својата себична потреба за љубов?

Џесика Јонстон, мајка на четири деца тоа го слушала често и секој пат се смеела на тоа тврдење бидејќи, како што вели самата, дури и да ги добила децата од таа потреба, како и сите други, исчезнуваат кога ја добиете таа улога. Признава дека е себична личност, но дека не е таква затоа што е мајка.

„Понекогаш се кријам зад вратата од фрижидерот и јадам сладолед директно од кутијата.Јас го јадам седум вечери во неделата, а моите деца можеби двапати неделно. Тоа не е затоа што се грижам за тоа колку шеќер внесуваат во себе, туку затоа што не сакам да го делам. Се сеќавам кога бев мала , во фрижидерот на моите родители секогаш имаше тетрапак џус кој беше забранет. Тоа беше само мамин џус.

Зошто? Затоа што жената мора да живее. Истиот случај е со мене и со сладоледот“, раскажува Џесика. Понекогаш кога детската галама во автомобил или дома стане толку голема да Џесика никој веќе не ја слуша, таа почнува да вика. Нејзиниот маж гледа кога тоа ќе се случи и ако во тој момент вози, брзо ќе зграби нешто и ќе го покрие десното уво бидејќи вели дека Џесика му вика директно во ушното тапанче. Џесика истакнува дека мајчинството речиси никогаш не било многу гламурозно и дека тоа ретко кога ја исполнува потребата. „Ние тоа не можеме да го правиме кратко време, тука сме на долги патеки и растеме здрави човечки битиа кои знаат да сакаат и да бидат сакани. Мислам дека Бог го создал родителството затоа што знаел дека нашите срца, его и потреби ќе бидат скршени на милион парчиња. Знаел дека ќе мора да живееме за уште нешто освен за себе“, раскажува Џесика и додава дека дури и кога се крие зад вратата од фрижидерот и живее сама за себе, таа ги сака своите деца. Кога би можела да биде платена за целото време кое го поминува во грижа поради нив би била многу богата. Исто така, кога би била платена секој пат кога ги опоменува децата да ги соберат своите чорапи, би се збогатила и во шега додава дека отсега ќе го запали секој чорап кој го најде на кујнската маса.

Џесика признава дека плаче кога гледа фотографии стари неколку години бидејќи знае дека тоа е период со нејзините мали кој е завршен. Свесна е дека времето ќе продолжи да лета со таа брзина и дека наскоро ќе се поздрави со своите деца. Плаче затоа што ги сака, но не секогаш. Плаче затоа што не сака да изгуби ниту секунда, но и затоа што сака да се заврши разговорот пред спиење како би ја гледала својата омилена серија на телевизија.

„Дали сум себична? Сум. Многу сум себична. Но, родителството беше најнесебичната лекција во мојот живот. Кога сте родител, служите и кога не сакате, чистите во два часот наутро, готвите и кога сте премногу болни за да јадете, со часови гледате етикети на витамините како би откриле кои се најдобри за вашите деца. Исто така, ги пуштате да легнат покрај вас во кревет и ве удираат во ребрата затоа што сонувале лош сон. Готвите храна и ги терате да јадат. Тајно ја чистите нивната соба бидејќи сакате да одморат. Се надевате и молите нивните срца да останат топли и меки и да пораснат во добри луѓе кои позитивно ќе влијаат на овој свет“, зборува Џесика и додава дека таа не секогаш е добра мајка и дека е посебична отколку што мисли, но смета дека родителството ја научило повеќе за тоа како да сака отколку било кое друго искуство во животот. Не мисли дека родителството е единствен начин тоа да се постигне, но за неа било така. Поради тоа на сите мајки им порачува да го скријат својот џус и сладолед бидејќи животот и служењето се тешки.

Џесика тврди дека иако мајките имаат моменти на „себичност“ исто така имаат и илјада такви кога не се себични. На крајот од денот тие ќе се сетат можеби само на она во што не успеале, кога галамиле или се криеле во својата соба и гледале видео снимки на Јутјуб, но на сите ним Џесика им порачува дека тоа не е единственото нешто што се случило тој ден. Тој ден и служиле, а тоа е многу несебично. Како што вели самата Џесика, сите мајки го прават најдоброто што можат и заедно се во сето тоа.

Foto: Pixabay.com