Животна училница // Приказни
Денес го славиме Свети Никола: Како тој им помагал на сиромашните ?
Православните верници денес го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства.
Свети Никола во календарот на МПЦ е обележан со црвени букви и поради тоа постои верување дека денес не треба да се работат никакви домашни работи, да се чисти, усисува, пере ...
Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите.. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците.
Киднапирањата на морнари во четвртиот век , кога живеел Свети Никола, биле честа појава. Преданијата велат дека Никола многумина спасил така што на киднаперите им нудел многу пари за замена.
Во Византија на Свети Никола било обичај на тој ден да се амнестираат затвореници. Во народот постои верување дека оној кој денес опрости долг следната година ќе му биде богата и плодна.
Постои верување дека денес никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник.
На денешен ден треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.