Децата се хероите во 2017

Добивај вести на Viber

  Се сеќавате на Јован? Тоа беше момчето кое свиреше на скопскиот плоштад и собираше донации за малата Ели која е родена со многу ретка болест. Јован свирејќи на плоштадот успеа да собере 8.700 денари. Учениците од основното училиште „Партениј Зографски“ неколку дена не јадеа за време на големиот одмор. Тие доброволно ги чуваа сите пари кои родителите им ги даваа за да си купат ужинка и ги собираа за да помогнат за лекувањето на нивното другарче Павел. Павел е едно од децата кое на Велигден настрада од струен удар при обид да се фотографира на воз во депото на Македонски железници.   Дечињата од О.У. Јохан Хајнрих - Песталоци се вклучија во проектот #ијассумдедомраз. Тие ќе донираат новогодишни подароци за дечињата кои живеат во сиромаштија.