ДОСИЕ СУБВЕНЦИИ: Патриотски и семејни рефрени на Ѓорѓи Крстевски вредни 15.000 евра (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

https://www.youtube.com/watch?v=LHAPAkFgUqE На Ѓорѓи Крстевски му биле одобрени 15.000 евра народни пари само за наменски рефрени во рамките на Законот за поддршка на домашната музичка продукција. Познатиот изведувач, композитор, текстописец, аранжер и продуцент снимил две песни во кои се опејува македонската историја и три нумери во кои се афирмираат семејните вредности во општеството или многудетните семејства. Првите 6.000 евра за тематски композиции му биле одобрени уште во 2014 година за насловите „Домот светост е“ и „Домот ни е сè“. Нови 3.000 евра, комисијата му одобрила за песната „Прстен дарувам“ на првиот квартален конкурс за 2015 година. На истиот конкурс му се одобрени дополнителни 3.000 евра за патриотскиот потенцијален хит „Македонија света, вечна, древна, исконска“. Во 2015 година Крстевски конкурирал со уште еден рефрен со кој се афирмира историјата на Македонија и му биле одобрени 3.000 евра за темата „За Македонија“. https://www.youtube.com/watch?v=VL0l6Rnkyi8 Крстевски уживаше голема популарност пред повеќе од една деценија. Имаше хит-албум и одличен солистички концерт во Универзална сала. Последните години неговото име најчесто се врзува со контроверзните музички субвенции за кои досега од Буџетот се потрошени два милиони евра. На последниот список со субвенционирани рефрени кој прв го објави „Женски Магазин“, на поп-пејачот му се одобрени 3.000 евра во категоријата „Врвен изведувач“ на народна музика. Овој негов потег во кариерата всушност не е изненадувачки. Првите пари од државата му биле одобрени токму за фолк-рефрени на кои е потпишан како комплетен автор. Разликата е во тоа што тогаш други ги интерпретирале песните, докажани имиња на домашната фолк- сцена. Станува збор за композициите „Ангелу мој“ (Душко Георгиевски) и „Уште вечерва“ (Анета Накова) одбрани на првиот квартален конкурс во 2014 година и за темата „Лична Елена“ (Душко Георгиевски) која добила позитивни оценки на вториот квартален конкурс истата година. Веќе на следните два избора Крстевски доминира и како изведувач и му се одобрени 6.000 евра како кантавтор на песните „Ти победуваш“ и „Заборави на сè“. Уште една негова композиција е субвенционирана во тој период, „Еве ме пак“ во изведба на Александра Јанева. Соработката со макфестовската победничка продолжила и на третиот квартален конкурс за 2015 година кога „жирито“ му одобрило пари за уште една песна во изведба на Јанева на која се потпишува како комплетен автор, нумерата „Солза за крај“. Крстевски е потпишан како комплетен автор, но не и како изведувач, на уште десет композиции кои подоцна добиле субвенции. Станува збор претежно за фолк-рефрени. За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов