Животна училница // Приказни
До девојката, која не знае како да се сака себе
Драга девојко,
Знај дека да се сакаш себе си е најважната лекција што треба да ја научиш во својот живот. Внатрешната љубов ги отвора вратите. Го отвора светот - шарен и убави, исто како самата ти.
Кога го сака своето внатрешно јас, ќе научиш како да им веруваш на луѓето и да го гледаш доброто во нив, наместо да се плашиш дали нема да ве повредат. Ќе дознаеш дека секој човек кој го среќаваш на патот на животот има причина да биде таму, без разлика што ќе ти донесе. Ќе станеш отпорна на агресијата, на гневот и на омразата, зашто љубовта која свети однатре, е најсветлиот фенер во моменти на мрак. Бидејќи секој предизвик што го доживуваш, секогаш кога се сомневаш, секогаш кога ти е тешко, ќе знаеш дека љубовта и понатаму е внатре во тебе.
Не верувај во сè што минува низ твојот ум. Во секој од нас имаме критичар кој постојано нè чува од неволја. Но, многу повеќе нè чува од сите добри работи што може да ни се случуваат. Затоа, не му верувај целосно. Слушај ја мелодијата на твоето срце и таа нека те води.
Најдобар начин да го живееш твојот живот е да се сакаш себеси. Оваа љубов е клучот за менување на светот!