Животна училница // Приказни
Дрога, депресија и смрт: Тажни судбини на легендарни убавици-Мерлин Монро
Го имаа цел свет на дланка. Сите ги обожаваа, а нивните животи личеа на модерни бајки. Беа гламурозни, популарни, невистински, беа светски ѕвезди … И беа несреќни…
Ви претставуваме серијал од тажните судбини на легендарните убавици
Мерлин Монро
Ни денес не постои жена која подобро го симболизира сексапилот, но и трагичната судбина на легендарната Мерлин. Норма Џин Бејкер била предодредена за улогата на трагична хероина, но тоа ја следело до крајот на животот.
Никогаш не го запознала татко си, мајка си ја изгубила рано и тоа од последица на нервен слом, пораснала во сиропиталишта и семејства кои ја посвојувале. Кога најпознатата русокоса на сите времиња го променила името, изгледало како да ја променила сопствената судбина.
https://www.youtube.com/watch?v=3D7_emPvoIU
Станала најпозната актерка и најпрепознатлива жена за таа генерација. Сепак, гламурот и сексапилот со кој сјаела, не и помогнале како жена да ја пронајде среќата. Нејзиниот контроверзен љубовен живот, како и константен притисок на работа, се повеќе ја „кинеле“.
Според многумина најголемата заводничка на сите времиња е пронајдена мртва во својот дом. Умрела во 36-та година од прекумерна доза на таблети за спиење.