Животна училница // Приказни
Евровизија годинава само со водителки
Евровизијата, која годинава ќе се одржи во Лисабон, ќе ја водат четири жени кои зборуваат португалски јазик.
Организаторите на музичкото шоу Евровизија, објавија дека водители на овогодишната манифестација во Португалија ќе бидат четири жени, после критиките бидејќи минатогодишното натпреварување го водеа само мажи. Критичарите на социјалните мрежи ги критикуваа организаторите.
Една од водителките е Даниела Руа, која е ѕвезда на американска телевизија, а останатите три се познати лица на португалските телевизии – Филомена Каутела, Силвија Алберто и Катарина Фуртадо.
[caption id="attachment_12269" align="aligncenter" width="637"] Filomena Cautela[/caption]
[caption id="attachment_12270" align="aligncenter" width="508"] Sílvia Alberto[/caption]
[caption id="attachment_12271" align="aligncenter" width="533"] Daniela Ruah[/caption]
[caption id="attachment_12272" align="aligncenter" width="602"] Catarina Furtado[/caption]