Емотивно силен говор на Опра при преземањето на Златниот глобус

Добивај вести на Viber

Опра покажа зошто е моќна. 63-годишната Винфри, чие претходно телевизиско шоу го отвори патот на исповед на телевизија и придонесе за нејзината мега популарност, ја фокусираше изјавата на родовата еднаквост, сиромаштијата и расизмот при примањето на наградата „Златен глобус“ за животно дело. Опра Винфри оддаде почит и на Риси Тејлор, тоа е афроамериканка која во 1994 соопшти дека е жртва на групно силување од шестмина бели мажи во Алабама и почина минатиот месец на 97 години, откако изрази жалење од „културата, разбиена од брутално влијателни мажи“. [caption id="attachment_11908" align="aligncenter" width="882"] 75th ANNUAL GOLDEN GLOBE AWARDS -- Pictured: Oprah Winfrey, Winner, Cecil B. Demille Award at the 75th Annual Golden Globe Awards held at the Beverly Hilton Hotel on January 7, 2018 -- (Photo by: Paul Drinkwater/NBC)[/caption] „Сакам да им честитам на сите жени кои молчеле со години затоа што имале семејства да прехранат и соништа да достигнат, исто како и мојата мајка. Има такви жени за кои никогаш нема да дознаеме. Тие работат во фабрики, во ресторани, студираат, работат во болници, се занимаваат со наука, со политика и бизнис, служат војска… Затоа, сакам да им порачам на сите жени и девојки кои слушаат – знајте, нов ден е на повидок и кога тој ден ќе дојде, тоа ќе биде поради сите оние моќни жени, како и поради феноменалните мажи, кои се изборија да кажат ’и јас исто така‘ кога никој друг не се осмели.“ „Затоа сакам сите девојки кои не гледаат сега, да знаат дека на хоризонтот се појавува нов ден“, посочи Винфри.